Рачна бомба / Фото: МИА

Кривична за кичевчанецот што пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за да си оди од работа

Кривична пријава за злоупотреба на знак за помош и опасност доби кичевчанецот кој на почетокот на месецов на шефот лажно му пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за да си оди порано од работа.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“. На 05.03.2026, пријавениот – вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК Осломеј – соопшти МВР.

Вработениот му испратил порака на шефот дека на еден оддел во РЕК Осломеј има сомнежи за бомба. Обезбедувањето и полицијата проверувале дека нема бомба и дека се работи за лажно пријавување, а вработениот бил најден во викендичка во кичевско Осломеј. Тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот