Кривичен суд: Вработениот во судската писара е негативен на вирусот

Кривичен суд/Фото: Драган Митрески

До овој момент ниту еден вработен не пријавил дека имал котакт со заболен и дека му е дадена препорака за самоизолација, а доколку некој пријави дека е позитивен на вирусот судот ќе ги преземе сите мерки согласно напатствијата на здравствените власти, велат од Кривичен.

Основниот кривичен суд Скопје, во однос на информациите објавени на некои портали и профили на социјалните мрежи од први овој месец дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот КОВИД – 19, денеска извести дека посочениот веднаш бил упатен на тестирање и по добиените резултатит истиот е негативен на вирус, за што до управата на судот е доставен и резултатот од тестирањето.

„Како суд апелираме до медиумите и сите останати субјекти кои лиферуваат информации на порталите и социјалните мрежи за судот, да ги проверуваат информациите пред нивно објавување. Судот се залага за транспарентно и отчетно работење и има одлечна соработка со поголем дел од медиумите.

Но, потребно е да се напомене дека секоја непроверена и неточна информација освен што наштетува на угледот на институцијата може негативно да се одрази и на некои недолжни колеги или граѓани како во овој случај.

Досега неколку пати ја информиравме јавноста дека како суд строго се придржуваме до препораките за заштита од вирусот. Судниците и судските простории редовно се дезинфицираат, на вработените и странките кои влегува во судот им се мери температурата со безконтактни уреди, секој е должен да носи заштитна маска и ракавици, се одржува растојание на присутните во судниците, канцелариите и писарниците, а сите вработени кои се хронично болни, самохрани родители или чуваат дете помало од 10 години се ослободени од работа.

До овој момент ниту еден вработен не пријавил дека имал котакт со заболен и дека му е дадена препорака за самоизолација, а доколку некој пријави дека е позитивен на вирусот судот ќе ги преземе сите мерки согласно напатствијата на здравствените власти“ велат од Кривичен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот