Критичарите пресудија: Серијата „The Idol“ е една од најлошите направени досега

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Серијата „The Idol“ наиде само на критики од својата премиера на Канскиот фестивал, а по објавувањето на последната епизода, критичарите ја прогласија за најлоша во годината, но и една од најлошите досега снимени.

Пред да се емитува, креаторот на „The Idol“, Сем Левинсон предвиде дека неговата „провокативна“ драма ќе биде „најголемото шоу на летото“. Сега, кога заврши прикажувањето, ТВ критичарите ја дадоа својата конечна критика, но повеќето се согласија дека серијата е најголемата грешка летово.
Во „The Idol“ глумеа ќерката на Џони Деп, Лили-Роуз Деп и поп-ѕвездата Д Викенд.

Британски „Телеграф“ ја прогласи за „секако најлоша ТВ серија на годината“, додека „Гардијан“ отиде понатаму, нарекувајќи ја „една од најлошите програми некогаш направени“. Тоа беше „болно здодевна ТВ програма“, напиша Лејла Латиф од Гардијан, додека „Еј-би-си Њуз“ напишаа: „Единственото нешто што е шокантно за „The Idol“ е колку е шокантно лош“.

Кога серијата беше премиерно прикажана на „ХБО“ во САД и „Скај Атлантик“ во Британија, неколку недели подоцна, реакциите на гледачите на Твитер ги повторија овие првични критики.

Серијата ја следи аспиративната поп ѕвезда (Лили-Роуз Деп) и нејзината врска со Тедрос (Д Викенд), гуру и водач на култ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот