фото: твитер

Кристијано Роналдо доцна синоќа пристигна во Торино (ВИДЕО)

Се очекува наскоро еден од најдобрите играчи на светот да им се придружи на своите тимски колеги, после 14 дена карантин.

Откако во неделата остана „заглавен“, откако неговиот лет не доби дозвола за слетување во Торино, Кристијано Роналдо конечно пристигна во Италија.

Португалецот од почетокот на пандемијата периодот на изолација го помина во родната Мадеира, а сега успеа да слета во Торино каде што се наоѓа неговиот клуб Јувентус.

Се очекува наскоро еден од најдобрите играчи на светот да им се придружи на своите тимски колеги, после 14 дена карантин.

Во меѓувреме шампионот се очекува да ги започне тренинзите, а продолжението на сезоната, доколку се постигне договор меѓу сите клубови, можно е да се случи во јуни.

Натпреварите според најавите ќе се играат пред празни трибини. „Старата дама“ во Серија А од 26 мечеви се наоѓаше на првото место со 63 бодови, еден повеќе од второпласираниот Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот