Криси Тајген застана во одбрана на Меган Маркл по невкусните реакции на социјалните мрежи за спонтаниот абортус на Војвотката

Instagram

Криси Тајген влезе во „сајбер војна“ со корисници на социјалната мрежа „Твитер“. Како одговор на еден вирален „твит“ во средата, кој невкусно ја коментираше изјавата на Маркл за „New York Times“ за нејзиниот спонтан абортус.

Дали некој навистина ја доведува во прашање болката и огромното страдање од спонтан абортус, или можеби ја критикуваат одлуката на Меган да напише 1.000 зборови за себе?“, напишал корисникот за статијата на Маркл која беше објавена порано. „Што додава тоа на веќе достапните ресурси за оние што поминуваат низ ваква трагедија?“

Instagram
Instagram

Тајген потоа го„ритвитна“ ова и со нејзиниот револ предизвика вистинска експлозија од коментари на нејзиниот профил.

Наградата за денешното апсолутно гомно му припаѓа на Марко Џинангели“, напиша таа, по што набргу потоа го избриша твитот и напиша „Извинете, заборавив дека се обидувам да бидам пофина“.

Instagram
Instagram

Криси и нејзиниот сопруг Џон Леџенд во септември открија дека го изгубија неродениот син Џек во двесеттата недела од бременоста. Двојката поминуваше низ сличен терор на социјалните мрежи откако објавија и отворено прозборуваа за сопствената трагична загуба.

Тие се појавија во утринското шоу „Good Morning America“ во вторникот на 24 ноември, и тоа беше нивното прво заедничко интервју по тешкиот период.

Секој ден е толку различен. Затоа, кога луѓето ме прашуваат како ми е, секогаш велам: – Денес сум добро“, изјави Криси.

Instagram
Instagram

Криси Тајген отворено зборува за менталното здравје. Таа отсекогаш била искрена и немала проблем да споделува моменти од приватниот живот затоа што како што вели таа е обичен човек.

Таа прозборе и за тоа дека во последно време не е толку активна на социјалните мрежи, но неодамна со искрен твит им порача на обожавателите дека моментално доживува депресија, но и дека постепено се враќа на социјалните мрежи.

Не твитам многу затоа што искрено се чувствувам како да сум во дупка од тага… Но не грижете се бидејќи имам многу помош околу мене за да се подобрам и наскоро ќе се справам со тоа“, напиша Тајген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот