Кришто очекува од ЕУ отворање на преговорите со БиХ

Борјана Кришто на конгресот на ЕПП во Букурешт - Фотографија ЕПА, Роберт Гемент

Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, во писмо до европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, изрази надеж дека БиХ ќе добие признание за клучните реформи што ги спроведе во минатата година, во врска со претстојната одлука на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори.

Кришто го информирала Вархеји и за реформите кои се „во завршна фаза“, оценувајќи дека БиХ со спроведените реформи постигнала соодветно ниво на усогласеност со европските критериуми.

– Активностите што ги постигнавме се резултат на нашата сеопфатна и посветена работа, како и соработката на надлежните институции на сите нивоа на власта. Овие постигнати цели, иако се само дел од поширокиот спектар на активности што ги спроведовме, се од витално значење за нашиот следен чекор кон членство во Европската Унија – се наведува во писмото на претседавачот на Советот на министри на БиХ.

Кришто додаде дека БиХ „со секој чекор ги зајакнува темелите на идната интеграција во европското семејство“.

– Остануваме цврсто посветени на исполнувањето на клучните приоритети и спроведувањето на реформските процеси, посочува таа во писмото до Вархеји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот