Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
Земјите од Европската Унија прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла тие преминаа сè што може да се премине, изјави денсс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за порталот Вести.
Препорачано
„Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која ја обвини Русија за инцидентот со дронот во Романија и изјави дека Москва „преминала уште една црвена линија“.
Песков оцени дека причина за сите проблеми е Украина и постапките на Киев, објавија руските медиуми.
Украина ги отфрли обвинувањата на Москва за напад со дронови врз нуклеарката во Запорожје
„Земјите кои прават сè што е можно за да обезбедат продолжување на војната не треба да зборуваат за никакви ‘црвени линии’“, рече Песков.
Во исто време, тој ги нарече Украина и постапките на Киев коренита причина за сите проблеми во односите меѓу Русија и Европа.
Романското Министерство за одбрана во петокот објави дека дрон удрил во зграда во Галати и дека две лица се повредени. Романските власти веднаш ја обвинија Русија за инцидентот, но не доставија докази за тоа. Истовремено, романската армија не го пресретнала дронот, иако го следела со помош на радарски системи.
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека поради инцидентот е донесена одлука рускиот генерален конзул во Констанца да се прогласи за персона нон грата и да се затвори рускиот генерален конзулат во тој град.
Руските власти ги отфрлија обвинувањата дека руските сили се одговорни за нападот со дронот врз зградата во Галати.


