Дмитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

Кремљ: Киев и Западот отфрлаат дипломатски пристап за решавање на конфликтот во Украина

Русија претпочита политички и дипломатски средства за решавање на конфликтот во Украина, но Киев и Западот го отфрлаат овој пат, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските новински агенции.

„Патот што го претпочитаме е преку политички и дипломатски средства“, рече Песков, според новинската агенција ТАСС.

Тој додаде, без да наведува детали, дека Москва ја продолжува својата воена операција во Украина затоа што „сите предлози за дијалог се отфрлени од Украина и западните земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот