Креативна детска работилница за изработка на мозаик ќе се одржи во „Синдикална култура“
Серијата детски настани и работилници во „Синдикална култура“ во Дебар Маало продолжува со нова креативна работилница, а овојпат децата ќе изработуваат мозаик од своите омилени суперхерои и истиот ќе си го земат за спомен. Мозаикот може да биде по личен избор или некој суперхерој, како Супермен, Супервоман, Спајдермен и слично.
Препорачано
Работилницата „Суперхеројски мозаик“ ќе се одржи на 26 јануари (недела), со почеток во 13 часот. Цена на билет изнесува 300 денари и местата се ограничени на 20. На работилницата ќе се учи изработка на мозаик од различни материјали.
Работилницата ја држат Сара Томевска, дел од тимот на „Театар за тебе“, како и актерките Изабела Јаќимова и Билјана Јовановска.
Работилницата е наменета за деца над 4 години и се организира со повеќе цели, како развивање на креативноста, социјализација и забава, едукација на различни теми, ослободување од срам, развивање моторика итн.


