Креации за публика со љубопитно око и отворен ум: Моднот бренд Росица Мршиќ го слави својот 12-ти роденден

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Новоотворениот „ Поп-ап шоурум “ на Росица Мршиќ во Ист Гејт мол е новото место каде ќе може да се најде селекција од нејзините најбарани ‘best-selling’ модни парчиња од последните колекции со што Мршиќ ја приближува својата работа до сите модни вљубеници и следбеници.

Дека станува збор за исклучителен талент и нова вредност на македонската модна сцена стана јасно уште од дипломската колекција со која Росица Мршиќ се лансираше како ново дизјнерско име. Нејзината едукација на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Утрехт, Холандија и на Школата при Уменичкиот Институт во Чикаго, САД инстантно беше забележано како автентичен дизајнерски израз, суптилен авангарден стил и кохерентност во исказот. Нејзиниот бренд под истото име беше одговор на потребата ма македонската модна сцена за свеж и современ, урбан и космополитски бренд кој работи по принципите на одржлива мода.

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Денес Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка чија естетика се препознава по смелиот но женствен потпис, со прецизна изработка и опуштена елеганција што ја рефлектира нејзината визија за силни и самостојни жени, наклонети кон иновативната, префинета но безвременска естетика поради што се здоби со голем број на интернационални награди и признанија.. Веќе 12 години Росица Мршиќ е на линијата на создавање на уникатни парчиња во лимитирани серии со цел секоја жена да се почвуствува посебно. Деновиве го прославува јубилејот на својата успешна работа.

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Какво е чувството по подолго време да се изложат на директен увид своите креации пред широка публика?

Пандемијата влијаеше на промена на начинот на промоција на колекциите кај сите модни дизајнери и модни куќи. Скоро две години сме сведоци на  замрзнати промоции, одложени модни настани, алтернативни начини на презентирање на колекции, виртуелни модни недели. Мојата работа и колекции, во изминатиот пандемиски период, продолжи да се создава со вообичаено темпо и најде начин како да допре до својата публика. Не на вообичаен начин преку презентации и настани, туку преку изложување на колекциите во својот шоу рум како и во другите продажни места на брендот во Скопје и Софија. Можноста и поканата да ја изложам својата работа и да го отворам новиот ‘pop-up showroom’ во новоотворениот Ист Гејт мол во овој период, е на моја голема радост заради обраќање и презентирање на моите колекции пред пошироката модна публика и вљубеници во дизајнерскиот израз.

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Колку е привилегија а колку предизвик да се изложи дизајнерски бренд помеѓу толкава огромна понуда на брендови за широка потрошувачка? Дали овие различни категории се конкуренција?

Тоа што брендот Росица Мршиќ го работи секоја сезона се лимитирани, високо квалитетни дизајнерски колекции, кои се создаваат локално во студиото на дизајнерката, по потреба и по мерка на клиентот, а секое парче се создава само откако ќе биде нарачано и во многу мал број на примероци. Овој пристап го прави брендот да се одвојува и разликува од комерцијалните брендови за широка потрошувачка и овозможува на секој клиент да ужива во своето прилагодено уникатно модно парче. Базиран на принципите на бавната мода и одржлива мода, брендот ја слави и почитува еколошката свесност на купувачите и со своето работење не влијае на животната средина, како и потребата за свој и индивидуален стил наспроти униформираниот трендовски изглед на комерцијални брендови.

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Колку во овој краток искуствен период се добива сознание за тоа како реагират потрошувачите на дизајнерскиот производ. Умеат ли да ја препознаат разликата, која во ваква констелација е најочигледна?

Секогаш постои публика со љубопитно око и отворен ум. Таква што бара естетика надвор од кутијата и што сака автентичност и различни искуства во својот избор. Ист Гејт мол е новата дестинација на градот каде се испреплетуваат вкусовите на посетителите и купувачите и секој од нив го прави својот избор онаму каде се пронаоѓа себе си.

 

Квалитетните матерјали и уникатниот дизајн и секако добар маркетинг ви озможија пробив  на интернационалниот пазар. Што беше потребно за опстанок на домашната локална сцена?

За да се излезе на интернационалниот пазар, треба прво да се биде присутен и успешно да се опстојува дома. Мојата лична формула за долгогодишната присутност на нашиот пазар е разбирање и давање одговор на потребите на современата жена, пласирање космополитска и софистицирана естетика која има своја препознатливост и својственост, постојана присутност со нови изрази во модните колекции и додатоци, соработки со индустријата и локални артизани, посветеност и визија за развивање на квалитетен и иновативен производ.

росица мршиќ
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот