Кралот Чарлс сака да се шегува: На вработените секоја година им дава бизарни подароци за Божиќ

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Кралот Чарлс Трети очигледно има откачена смисла за хумор. Како што открива еден поранешен вработен во кралското семејство, тој на своите вработени секоја година им подарува бизарни подароци за Божиќ, пишува „Мирор“.

Харолд, кој седум години работел како батлер за Чарлс, во неговиот дом во Глостершир во Хајгроув, призна дека некои од божиќните подароци за вработените биле многу смешни и уникатни, а секоја година кралот ги сокривал во нивните шкафови.

„Сите имавме сандачиња каде што ги добивавме дневните пораки и во нив секој Божиќ тој ни оставаше смешни ситници. Еднаш ми остави паштета од лосос, потоа добив мелница за сол и бибер завиткана во украсна лента. Веројатно му биле дадени корпи со подароци и постојано даваше дел до производите. Само мислев дека е толку бизарно затоа што не ги очекувавме тие ситници. Тоа покажува дека тој ја има таа забавна, практична страна“, вели Харолд.

Харолд, исто така, рече дека членовите на персоналот добивале и божиќни честитки од кралското семејство. Но, ова не биле единствените подароци што вработените ги добивале за време на неговиот мандат како кралски батлер, Харолд, објасни дека им биле давани и соодветни подароци, покрај бизарните ситници.

„Вистинските подароци беа чаши за чај, чинии или чаши за виски. Една година добив прекрасен бокал со вода. Но, шолјите за чај ги добивавме можеби две или три години по ред, бидејќи така собиравме цел комплет“, објасни тој.

Сега Чарлс како крал, веројатно е одговорен за организирање подароци за уште повеќе вработени. Покојната кралица Елизабета Втора со вработените се однесувала сосема поинаку. За време на нејзиното владеење, таа на 600 вработени лица им давала подароци, како и божиќен пудинг заедно со персонализирана празнична честитка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот