Фото: Chris J Ratcliffe / Avalon / Profimedia

Кралот Чарлс го избрка принцот Ендру од палатата

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања на својот помлад брат, принцот Ендру, и му нареди иселување од резиденцијата, соопшти денес Бакингемската палата, пренесе Политика.

Во соопштението се наведува дека на принцот формално му било предадено барањето да го врати закупот на вилата „Ројал Лоџ“ и дека ќе биде преместен во друга приватна резиденција. Одлуката, како што пренесе Ројтерс, била донесена поради врските на Ендру со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.

Принцот Ендру, осми во редот за британскиот престол, последниве недели повторно е под притисок на јавноста поради новите откритија од постхумните мемоари на една од жртвите на Епстин – Вирџинија Џуфре, во кои тој е обвинет за сексуален напад, пренесува Танјуг.

Ендру ги отфрли сите обвиненија, но на почетокот на месецов најави дека повеќе нема да ја користи титулата војвода од Јорк, ниту одликувањето „Ред на витезите“.

Не е многу, но не е ни малку: Откриен месечниот приход на принцот Ендру откако се повлече од должностите

Принцот Ендру се соочува со 15 години затвор, од својот телохранител барал докази за Џуфре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот