Кралицата со нова шлаканица за Хари и Меган – Еве што им забрани!
Слободен печат
Пред
Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, ќе мора да се откажат и од кралскиот бренд откако одлучиле да се повлечат од дворот и финансиски да се осамостојат, пишува „Daily Mail”.
По долготрајните и сложени разговори, се верува дека британската кралица и истакнатите службеници се согласиле дека „повеќе не е одржливо” парот да ја користи придавката „кралски” во своето брендирање.
Хари и Меган, како што се нагласува, потрошиле десетина илјади фунти на новиот сајт „Сасекс Ројал” за да го надградат својот и онака популарен Инстаграм профил.
Имаат намера и да го регистрираат „Сасекс Ројал” како заштитен знак во различни цели и активности, вклучувајќи книги, облека, честитки и материјал за настава.
Преземале чекори со цел основање на нова хуманитарна организација „Сасекс Ројал – Фондација на војводата и војвотката од Сасекс”, а „Daily Mail” наведува дека е сега јасно дека ќе мора да се преименуваат.
Оваа одлука Хари и Меган наводно ја прифатиле, во склад со своите нови бизниси, дека нема да може да ја користат кралската титула како што се надевале.
Ваквиот развој на настаните претставува голем удар за Хари и Меган, кои сега мора да се пререгистрираат, почнувајќи од сајтот до хуманитарните организации, оценува британскиот весник.
Принцот Хари минатиот месец, во првото обраќање откако Бакингемската палата објавила дека тој и неговата сопруга ќе се откажат од титулата и нема да ја претставуваат кралицата како членови на кралското семејство, рекол дека тие одлуки не биле лесно донесени и дека за тоа се разговарало со месеци.
„Се надевавме дека по оваа одлука ќе можеме да продолжиме да и служиме на кралицата и заедницата и дека ќе ги вршам своите војнички должности, но сето тоа без користење на финансиските средства” , рекол Хари додавајќи дека, тоа, за жал, нема да биде можно.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …