Кралицата ЕЛИЗАБЕТА им подари нешто ИСКЛУЧИТЕЛНО вредно: Меган и Хари по раѓањето на синот добија НОВ дом!

profimedia

Неодамна се преселија надвор од Лондон, но сега и овде ќе можат да се чувствуваат како во свој дом.

Принцот Хари и Меган Маркл неодамна се вселија во куќата Фрогмор, но сега ќе имаат уште еден дом.

Имено, кралицата Елизабета му подари на парот ново катче, овој пат во внатрешноста на Бекингемската палата. Парот овде ќе престојува со синчето Арчи кога и да биде во Лондон.

profimedia

Како што вели изворот, тоа е стандардна процедура за сите членови на кралското семејство кои живеат надвор од градот. Принцот Ендру и принцот Едвард исто така имаат свое катче во палатата, но живеат надвор од Лондон, како и Хари и Меган од неодамна.

Точната локација во Бекингемската палата ќе остане строго сочувана тајна, барем засега, а не е познато ниту колку близу ќе бидат до кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот