Крај за најголемата сензација на „УС Опен“: Повредата посилна од Алкараз

Со своите игри Карлос Алкарез го привлече внимането кај фановите во Њујорк/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз (18), кој дефинитивно го привлече вниманието на фановите во Њујорк (САД) со своите одлични перформанси, го заврши натпреварувањето во четвртфиналето поради повреда.

Младата шпанска сензација на „УС Опен“ годинава имаше проблеми со бутниот мускул на десната нога и на почетокот на вториот сет од мечот против Феликс Оже-Алијасим, мораше да се предаде.

Канаѓанецот имаше 1:0 во сетови (6:3) и 3:1 во вториот во тој момент.

– Навистина е тешко вака да се заврши еден голем турнир, но немав избор. Пред сè морам да се грижам за своето тело за да бидам здрав. Мечот беше долг, не беше добро што сè уште бев на теренот и морав да се повлечам – рече Алкараз.

Пред една година, Алкараз беше надвор од ТОП 200, а сега Грен слемот во Њујорк го стартуваше од 55 место. Тој го импресионираше тенискиот свет со игрите на „УС Опен“, и ќе се памети дека го елиминираше еден од фаворитите за титулата, Стефанос Циципас (Грција) на патот кон четвртфиналето.

Што се однесува до Оже-Алијасим, тој во полуфиналето ќе игра против вториот тенисер на светот, Русинот Данил Медведев.

Втората полуфинална двојка кај мажите ќе се дознае по одигрувањето на дуелите: Новак Ѓоковиќ (Србија) – Матео Беретини (Италија) и Александар Зверев (Германија) – Лојд Херис (Јужна Африка).

Во женска конкуренција исто така е позната првата полуфинална двојка Лејла Фернандез (Канада) – Арина Сабаленка (Белорусија). Белорусинката доцна синоќа со 6:1 и 6:4 триумфираше над Барбора Крејчикова од Чешка.

Второто полуфинале ќе го дознаеме по мечевите: Ема Радукану (Велика Британија) – Белинда Бенчиќ (Швајцарија) и Каролина Плишкова (Чешка) – Марија Сакари (Грција).

Нова сензација на УС Опен: Тинејџерката Фернандез продолжува да го живее сонот, ќе игра во полуфиналето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот