Нова сензација на УС Опен: Тинејџерката Фернандез продолжува да го живее сонот, ќе игра во полуфиналето

Финалистката од „УС Опен“ сака да ја има енергијата од трибините исто како Рафа и Федерер/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бајката на Лејла Фернандез на УС Опен продолжува откако младата канадска тенисерка се пласира во полуфиналето по драматичната победа над Елина Свитолина со 6:3,3:6,7:6.

Фернандез која вчера наполни 19 години за прв во својата кариера ќе игра во полуфиналето на грен слем турнир, адоказ дека  местото меѓу најдобрите четири на УС Опен не е незаслужено се и победите над две грен шампионки, Наоми Осака и Анџелик Кербер.

Првиот сет беше решен со еден брејк, Фернандез го одзеде сервисот на Свитолина во шестиот гем и потоа со сигурна игра на свој сервис ја задржа предноста и дојде до водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Свитолина доминираше, направи два брејка и поведе со 1:5, но кога требаше да го обезбеди сетот, таа почна да грешки. Фернандез успеа да врати еден брејк и намали на 3:5, потоа во деветтиот гем кога Свитолина сервираше за сет имаше и брејк топки. Но, Украинката успеа да се извлече и да го однесе мечот во третиот одлучувачки сет.

Во него изгледаше дека се ќе биде решено на почетокот кога беа направени три брејка во серија, два направи Фернандез по што поведе со 5:2. Но, Свитолина не се предаде, го освои гемот на свој сервис, а потоа дојде и до брејк и ја врати неизвесноста во одлучувачкиот сет кој беше решен во тај-брејкот. Во него, Фернандез поведе со 4:1, потоа имаше и 5:4, а на 6:5 ја искористи првата меч топка и се пласира во полуфиналето.
Фернандез во полуфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот Барбора Крејчикова – Арина Сабаленка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот