Крај за Германија, познати четвртфиналните парови на фудбалскиот турнир во Токио

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Заврши групната фаза на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио, Германија изненадувачки не се најде во елиминациските мечеви откако денеска во последното трето коло одигра само 1:1 против Брегот на Слоновата коска.

Африканската селекција поведе во 67 минута после автоголот на Хенрикс, а во 73 минута конечниот епилог го постави Ловен.

Бразилците ја забележаа и втората победа во групата „Д“, со 3:1 ја совладаа Саудиска Арабија.

„Кариоките“ беа во позитива од 14 минута со погодокот на Куња, израмни Ал Амгри во 27 минута. Во вториот дел триумфот за јужноамериканскиот претставник го донесе Ришарлисон со неговите два гола во 76 минута и во самиот финиш од мечот (90+3`).

Во четвртфиналето домаќинот Јапонија за противник го има Нов Зеланд, и победникот од овој дуел во полуфиналната борба ќе игра приотив подобриот од пресметката Шпанија – Брегот на Слоновата коска.

Во останатите четвртфинални средби Јужна Кореја за ривал ја има селекцијата на Мексико, а Бразил ќе игра против Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот