„Крај на кошмарот“: Оскаровецот Пол Хагис е ослободен од обвиненијата за силување
Канадскиот режисер и добитник на Оскар, Пол Хагис, е ослободен од обвиненијата за силување од 2022 година, објави „УСАТудеј“.
Препорачано
Во јуни 2022 година, Хагис беше обвинет од 30-годишна Британка дека ја силувал во хотел три дена пред почетокот на Филмскиот фестивал во Остуни. Потоа режисерот помина две недели во домашен притвор.
„Крајот на кошмарот“
„За Хагис, ова е крај на кошмарот што донесе неправеден крај на кариерата на филмскиот гениј, режисер и сценарист, добитник на Оскар, кој е признат низ целиот свет“, изјави неговата одбрана по пресудата во Пуља.
Адвокатите на Хагис, Мишел Лафорџа и Даниеле Ромео, во соопштението изјавија дека судија во блискиот град Бриндизи пресудил дека сексуалниот однос не бил консензуален. Ова не е прв пат Хагис да се соочи со слични обвинувања. Пред три години, тој мораше да плати 10 милиони долари отштета за наводно силување на колумнистка во неговиот стан во 2013 година.
Пол Хагис е 72-годишен канадски режисер и продуцент. Тој е најпознат по режирањето на филмот „Фатална несреќа“ од 2004 година, кој му донесе Оскари за најдобар филм и најдобро сценарио. Истата година, тој го напиша сценариото за филмот „Девојка од милион долари“. Покрај тоа, тој е познат по филмовите „Знамињата на нашите татковци“ (2006) и два филма за Џејмс Бонд – „Казино Ројал“ (2006) и „Квантум на утеха“ (2008).


