Крај на една ера: „Ем-ти-ви“ денеска ги згасна музичките канали
На првиот ден од 2026 година, „Ем-ти-ви“ ги згасна своите специјализирани музички канали, со што заврши ерата на 24-часовно емитување музички видеа на тие станици. Оваа промена не беше поврзана само со една земја, туку влијаеше на неколку пазари во Европа и пошироко, додека главниот канал на „Ем-ти-ви“ остана во етерот, но во последниве години главно се потпира на реалити и забавни програми, а не на музички видеа.
Препорачано
Одлуката за затворање доаѓа откако беше објавен договорот помеѓу „Парамаунт глобал“ и „Скајденсмјузик медиа“ во 2024 година, а спојувањето заврши во 2025 година. Главната причина лежи во фактот дека публиката сè помалку ја следи музиката на традиционалната телевизија. Платформи како Јутјуб, Тикток и Спотифај ја презедоа контролата, што доведе до пад на гледаноста на „Ем-ти-ви“, а со тоа и до помалку приходи од рекламирање.
Затоа „Парамаунт“ одлучи да се фокусира на дигитална и стриминг содржина.
Во некои региони, како што се Австрија, Полска и Франција, веќе имаше промени и исклучувања на локалните канали на „Ем-ти-ви“.
Првиот музички спот што некогаш бил прикажан на „Ем-ти-ви“, на 1 август 1981 година, беше „Video Killed the Radio Star“ од „The Buggles“, што денес изгледа пророчки. Со текот на годините, мрежата се прошири и создаде специјализирани канали. „Ем-ти-ви мјузик“ започна во 2011 година, додека „Ем-ти-ви 80-тите“ и „Ем-ти-ви 90-тите“ започнаа да се емитуваат во 2022 година.
„Клуб Ем-ти-ви“, посветен на денс музиката, има турбулентна историја – започна во 2011 година, се затворил во 2020 година, само за да направи краток камбек во април минатата година, но се чини дека неговото враќање беше краткотрајно.
Крај на една музичка револуција: По 40 години „Ем-ти-ви“ ги гаси своите музички канали


