Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Крај: Ана Ивановиќ и Швајнштајгер поднеле барање за развод, во Швајцарија е започната итна постапка

Според германските медиуми, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (37) и нејзиниот сè уште законски сопруг, познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40), поднеле официјални документи за бракоразводна постапка, објавува австрискиот „Кронен“.

Шпекулациите за можен крај на нивниот брак се шират повеќе од еден месец. Во тој период, јавноста дозна бројни детали од нивниот приватен живот – од фактот дека не живеат заедно, поделбата на имотот, до наводите за евентуално несогласување поради колешката на Бастијан, популарната водителка Естер Седлачек.

Според последните информации, Ана и Бастијан веќе се во процес на развод во Швајцарија, каде што нивните адвокати се обидуваат што побрзо да ја завршат законската постапка.

– Ивановиќ сака што поскоро да го остави зад себе периодот од својот живот во кој беше сопруга на Бастијан Швајнштајгер. Германските медиуми дознаваат дека адвокатите од двете страни во моментов подготвуваат итен развод, и дека најбрзиот можен начин е во Швајцарија. Освен многуте документи, сето ова значи и многу стрес и напнатост за поранешниот пар – според австрискиот „Кронен“.

Ана Ивановиќ неодамна беше гостинка на гала во Париз, каде што покрај неа се собраа тениски ѕвезди како Гарбине Мугуруза и Роџер Федерер. Убавата белграѓанка зрачеше со позитивна енергија и елеганција, што, според изворите, е нејзин начин да ги тргне мислите од тешкиот период во животот низ кој минува моментално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот