Фото: „Слободен печат“ / Филип Николов

Крадци здиплиле три бронзени бисти од гробиштата „Бутел“

Две пријави за кражба на бронзени бисти биле поднесени во СВР Скопје во последните денови, а двата случаи се случиле на градските гробишта во Бутел.

Уште една бронзена биста исчезнала од гробиштата „Бутел“

Според информациите од полицијата, 79-годишниот Д.В. од Скопје пријавил дека во периодот од мај до 26 октомври 2025 година од гробно место биле украдени две бронзени бисти. Исто така, 41-годишниот Б.В. од Скопје пријавил дека во периодот од април до 23 октомври 2025 година од друго гробно место во истиот комплекс исчезнала една бронзена биста.

Од СВР Скопје соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.

Нова кражба на бронзена биста од гробиштата во Бутел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот