Кожата на лицето зборува многу за вашето здравје, откријте што се крие зад бледилото, црвенилото, акните, сувата кожа…

Пушење, премногу алкохол, погрешна исхрана и недостаток на сон, можат да ги влошат проблемите со кожата на лицето, а еве ги најчестите причини и последици.

Кожата е најголемиот орган на вашето тело, па промените на кожата можат да бидат знак дека зад површината нешто се случува. Иако проблематичната кожа на лицето може едноставно да значи дека треба ја смените рутината на негата, нејзината состојба исто така може да биде знак за некои медицински проблеми кои треба да ги третирате.

Очи

Бледата кожа и бледа внатрешност на долните очни капаци се вообичаен знак за недостаток на железо. Ако го повлечете долниот очен капат надолу, внатрешниот слој би требал да биде во црвена боја. Ако е многу бледо розов или во жолта боја, тоа може да значи дека ви недостига железо. Втор показател за состојбата на организмот се подочниците. Ако спиете доволно, а сепак имате темни кругови околу очите, тоа многу често е знак на чувствителност на одредена храна, а најчесто се тоа млечните производи- всушност голем број луѓе се нетолерантни на лактоза, но не се свесни за тоа. Темните кругови под очите можат да бидат резултат и на сезонските алергии, на дехидрација на организмот или преголема конзумација на сол. Секако, доколку сте пушач, и тоа ќе се си го направи своето. Доколку сте во можност, обезбедете си кофеински серум за лице, како еден од најмоќните антиоксиданси што се покажале ефикасни во негување на регијата околу очите. Пијте многу вода и бидете особено нежни со движењата кога ја негувате кожата на лицето во пределот под очите.

Кожа на лицето

Различни се факторите, како внатрешни така и надворешни, кои можат да влијаат на изглед на кожата на лицето. Пушење, премногу алкохол, погрешна исхрана и недостаток на сон, можат да ги влошат проблемите со кожата на лицето, а еве ги најчестите причини и последици:

Црвенило – доколку немате природно црвенило на кожата, а претходната вечер сте конзумирале повеќе алкохол, наутро кожата на лицето веројатно ќе ви биде со изразено црвенила. Црвенилото може да биде и последица на алергија.

Бледило – Често е знак за анемија, недоволен сон и замор на кожата воопшто. Ако бледилото потрае неколку дена или чувствувате и недостаток на енергија или исцрпеност, обратете се на лекар.

Зеленкаста боја на кожата – обично е знак за мачнина. Причината би можела да биде труење со храна, но и прејадување или прекумерно конзумирање на алкохол.

Жолтенило – Може да биде причина за загриженост. Оваа состојба на кожата може да укажува на жолтица, болест на црниот дроб, панкреасот или заболување на жолчната ќеса. Секако веднаш посетете лекар.

Сува или дехидрирана кожа – Ова е доказ дека вашата кожа бара повеќе хидрација, односно повеќе вода со конзумирање на повеќе течности, но и со нега на кожата со добар хидратантен крем.

Првутава кожа – Кожата природно го губи горниот, мртов слој, но првутавата кожа е сигурен знак дека на вашата исхрана и недостигаат есенцијални масни киселини. Пробајте да внесете во исхраната производи како мрсна риба, авокадо, бадеми.

Акни – Причините можат да бидат бројни – нетолерантност кон одреден вид храна, хормонален дисбаланс, полицистични јајници, лоша нега или бактериски акни. Обратете се кај дерматолог пред да се обидете да ги лечите сами, како не би ја влошиле состојбата со производи кои не го третираат суштинскиот проблем. Сепак, не заборавајте дека еден од клучните фактори за чисто лице е правилно и темелно чистење на кожата. Никогаш не легнувајте со шминка и секогаш практикувајте двојно чистење, а производите кои ги ставате на лицето не би требало да содржат агресивни состојки, одберете природна козметика без штетни алкохоли и парфеми.

Длабоки бори – Борите се нормален дел од стареењето, но длабоките бори можат да укажат на тоа дека лошо спиете на перница која не одговара за вашето лице. Состојката во козметички производи која го третира овој проблем е ретинол, која се препорачува за возраст 30+. Внимателно одберете што поприродна козметичка опција која ќе ја содржи оваа состојка меѓу првите пет, како показател дека навистина ќе фунцкионира во борбата против брчките. Доколку сте во можност, обезбедете си и свилена навлака за перницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот