Ковид пеколот продолжува: Русија пријави случаи со новата заразна варијанта

Русија ковид-19
Коронавирус во Русија / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија пријави неколку инфекции со нова варијанта на ковид-19 за која се верува дека е позаразна од делтата, објави денеска новинската агенција РИА.

Можно е варијантата „AY.4.2“ да се шири побрзо, рече научникот Камил Хафизов, цитиран од РИА.

Тоа може да предизвика ново уште побрзо ширење на инфекцијата, а Русија со денови се соочува со невидени рекорди.

Новата варијанта на крајот би можела да ја замени делтата, иако процесот може да биде бавен, рече Хафизов.

Претседателот Владимир Путин оваа недела го одобри владиниот предлог за еднонеделно отсуство да започне на 1 ноември, бидејќи бројот на смртни случаи низ Русија во изминатите 24 часа достигна нови рекорди, 1.028 смртни случаи и 34.073 новозаразени.

Варијантата „AY 4.2“ е веќе откриена во Велика Британија и неколку други европски земји, а Израел во средата објави дека го идентификувал првиот случај на нејзина територија.

Под-варијантата „AY 4.2“ сочинува околу 6 проценти од примероците со секвенца, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство минатата недела, но не е под истрага и не е означена како варијанта на загриженост.

Франсоа Балоу, директор на Институтот за генетика на UCL во Лондон, рече дека новата варијанта е се уште ретка и се чини дека не е повеќе заразна од другите.

Нова мутација на Делта вирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот