Ковид-19 во земјава: Се намалува бројот на активни случаи

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје.

Според податоците на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со Ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се 416 пациенти.

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 379 се во Скопје. Има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројот на оздравени пациенти е 66209, а на починати е 2581.

Мерките за заштита од ковид-19 кои опфаќаат носење маска, држење дистанца и избегнување групирање и натаму се задолжителни. Според вчерашните податоци на МВР, 390 лица се казнети поради неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот