Ковачевски за средбата во Тирана: Рама е докажан евроатлантист, пораките од средбата се во таа насока
Премиерот Димитар Ковачевски ја поздрави средбата на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на партиите на Албанците од Македонија, бидејќи како што рече, Рама е докажан евроатлантист и дека пораките коишто биле упатени по средбата биле во таа насока.
Препорачано
„Премиерот на Албанија Еди Рама е докажан пријател на нашата држава, Рама е докажан евроатлантист, човек кој во секое излагање се водел од принципот на интеграција на регионот во НАТО и во ЕУ и сите изјави му се во таа насока. Секој разговор на Рама, кој е докажан пријател на нашата држава и е докажан евроатлатист, го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење на пријателство, добрососедство и задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден. Во регионот има два концепти и тоа – европската интеграција на целиот регион зад кој стоиме јас и Рама и политичари кои сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ,но не нудат алтернатива, ниту докази дека такво нешто може да функционира. Сметам дека пораките по состанокот се во таа насока за непречено одвивање на европските интеграции на Северна Македонија и на Албанија со кои заедно ги почнавме преговорите, рече Ковачевски


