Ковачевски: Во 2016 година беа потребни 4.5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, а денес се потребни само 2

Ковачевски/Фото: Влада на РСМ

Растот на платите и пензиите и во услови на најголема криза е она што е важно за нашата земја на европскиот пат, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворената трибина во рамки на кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на тема – енергетикa во Куманово.

„Горд сум на сработеното, на она што го направивме со министрите во овие изминати години на криза, прво ковид, па енергетска криза, и сите тие треба да бидат горди на она што го направивме од аспект на економските резултати“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари што е за зголемување за околу 100 евра во споредба со 2016 година.

„Минималната пензија денес е 13.200 денари, а во 2016 година била 9000 денари, што претставува покачување од 4000 денари.Просечна плата во септември оваа година е скоро 38000 денари,што е покачување за 250 евра споредбено со 2016 година кога изнесувала нешто над 22.000 денари. Во тоа време просечната плата била колку што е сега минималната. Во државата денес имаме највисока минимална плата која сега е 20.175 денари,а во март ќе изнесува 22.5000 денари,“ рече Ковачевски.

Тој изјави дека за период од околу 3.5 години, намениле пакет антикризни мерки во вредност од околу 2 милијарди евра за граѓаните и стопанството

„Ги активиравме хидро-потенцијалите, мотивиравме употреба на обновливи извори на енергија, како што е поставување на фотонапонски панели, за што ги олеснивме процедурите за нивно поставување како за граѓаните така и за компаниите. За нешто за што беа потребни 6 месеци за вадење на дозвола, сега е потребно само еден ден известување,“

Тој посочи дека подршката од ЕУ исто така била од големо значење, а воедно упати благодарност за подршкаат од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

„Германија е наш голем пријател, земја во која извезуваме половина од нашиот извоз, држава од каде доаѓаат половина од нашите странски директни инвестиции. Германскиот канцелар и Влада секогаш се на располагање на нашата држава при носењето на одлуките во Европската унија,и да не заборавиме дека претседателката на ЕК е исто така од Германија,“ рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот