Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ

Димитар Ковачевски/ Фото: Слободен Печат/ Слободан Ѓуриќ

Димитар Ковачевски не е повеќе претседател на СДСМ. Се повлече од функцијата и го повика раководството да го стори истото, по изборниот пораз на 8 мај. Тој ја потврдил оставката на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин.

Согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот.

Според Ковачевски, СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре и да разгледаат кои се резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години со цел да ја обновеле довербата од граѓаните. Се заблагодари на сите членови и поддржувачи, кои и покрај поразот, го одржале достоинството.

„На парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, со што му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и од доскорешни членови на партијата организирани во друг политички субјект, а стимулирани и од поранешни носители на високи партиски функции.И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност.Овој резултат и креираното јавно мислење беше очигледно уште на локалните избори во 2021 година кога СДСМ доживеа пораз, по што партијата не направи анализа на изборните резултати како што налага Статутот и не ги лоцираше причините за поразот за да се извлечат соодветни поуки“, стои во дописот на Ковачевски.

Ковачевски вели дека тој процес на промени во партијата мора да биде стихиен и експресен, со консолидација внатре во партијата и со луше кои се подготвени да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата на државата.

„Согласно член 68б став 3, а врз основа на изборните резултати на парламентарните и претседателските избори 2024 година, како и врз основа на очигледната пасивност на дел од членовите и симпатизерите на СДСМ, вклучително и најголемиот дел на избраните и именуваните функционери на централно и локално ниво, како високо морален чин се повлекувам од функцијата Претседател на СДСМ .Истовремено повикувам истото да го направи целокупното раководство на партијата по вертикала од членовите на раководството, преку централните партиски органи, се до општинските органи на раководење на партијата. Ваквиот чин е редовна постапка во сите европски и светски демократии, каква претендираме да бидеме и ние и треба да биде пракса на сите раководства на партијата по изборен неуспех“, посочи Ковачевски.

 

Нема поголемо задоволство да работиш воден од социјалдемократските вредности во кои веруваш од најмлади години. Но, исто така, нема поголемо задоволство кога знаеш дека си дал се од себе за земјата во која си родени и која ја сакаш“, напиша Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот