Ковачевски: По 65 години се доградува едно од најстарите училишта во Скопје- ОУ „Коле Неделковски“
-Овде сме, за да го одбележиме почетокот на доградбата на ОУ „Коле Неделковски”, едно од најстарите училишта во Скопје, лоцирано во Дебар Маало, во центарот на Македонија и во центарот на Скопје, во скопската општина Центар. Ова е прв зафат за проширување на основното училиште „Коле Неделковски” по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.Оттогаш, од училишните клупи се излезени низа успешни генерации, тука е и потпретседателот на македонското Собрание господинот Мисовски кој тука учел, со оглед дека ова училиште се покажа како едно од основните училишта со модерна и квалитетна настава за образување и воспитување на децата, денес градоначалникот на Центар со советниците на Центар, секако директорката и нејзините колеги, од постојните 708 ученици кои тука се образуваат во 20 училници, започнува изградба на нови дополнителни 4 училници во кои што ќе се образуваат уште 100 нови деца во училиштето- рече Ковачевски.
-Низ разговорот кој што го имавме веќе се планира и проширување на влезот и правење на паркинг место со оглед на тоа што училиштето се наоѓа во навистина централно градско подрачје. Исто така, училиштето ќе биде изградено по најновите стандарди, на прозорците ќе бидат поставени прозорци со нано филтри за обезбедување на почист воздух за децата што е важно за тоа дека училиштето навистина е сместено во најцентралното градско подрачје во државата, со голема фреквенција на сообраќај, предвидени се уште еден влез во училиштето и лифт за деца со посебни потреби. Проектот е во вредност од околу 580.000 евра, и е целосно финансиран од Буџетот на Општина Центар- рече Ковачевски.
Досега, набавени се и: мебел за опремување кабинети по природни науки во 264 основни училишта и опрема и нагледни средства за кабинети по природни науки во 358 училишта. А во тековната 2023 година, сите основни училишта во државата комплетно се опремени со нови нагледни средства и помагала во кабинетите по историја, географија и за другите предмети од групата општествени науки.


