Ковачевски: Однесувањето на европратеникот Јорданов не прилега на ниту еден човек, писмо со осуда испративме и до ЕП

Димитар Ковачевски - премиер на РСМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Владата и министерот за надворешни работи го осудија недоличното однесување на бугарскиот европратеник Александар Јорданов.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција посочи дека таквото однесување не прилега на ниту еден човек без разлика со што се занимава.

-Согласно со нашата осуда испративме и писмо и до Европскиот Парламент, а исто така имаме реакција и до бугарските власти. Сметам дека 4 февруари, согласно одлуките на Советот за безбедност, одлуките на Владата и МВР и сите други безбедносни служби успеавме да организираме достоинствено и мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев.


Според него, во иднина не треба да се остава простор за такви како Јорданов, но и за оние кои ги интересираат само провокации и нарушување на односите помеѓу Македонија и другите земји од регионот.

-Тоа се личности и политички партии кои не сакаат да го видат овој регион како дел од ЕУ. Од другата страна сме ние официјалните влади на државите од регионот кои сакаат да го видат регионот како член на ЕУ и на тоа ќе работиме. Во однос на Бугарија, сметам дека не би требало дополнително да коментирам бидејќи Бугарија веќе е влезена во изборна кампања и штом ќе завршат изборите таму, ќе може да се воспостави понатамошен дијалог во однос на билатерални и мултилатерални проекти со владата што ќе ја имаат по изборите, додаде премиерот и им се заблагодари на сите граѓани кои на 4 февруари на мирен начин му оддадоа почит на Гоце Делчев.

Коментирајќи ги последните случувања со охриѓанецот Пендиков, на кој бугарското МНР ќе му обезбеди државјанство, а бугарската полиција ќе го штити, Ковачевски вели дека не може да се мешаат во тој дел.

-Што се однесува до правата на кој било граѓанин во нашата држава кој се самоопределува различно од мнозинството сметам дека ние тоа го имаме издигнато на највисоко можно ниво, споредено со голем број на земји во Европа и светот. Да не заборавиме, кај нас дека правата не се само лист хартија, се спроведуваат и во институции кои ние ги имаме изградено низ годините, изјави премиерот.

Во однос на инцидентите на граничниот премин „Деве Баир“, претседателот на Владата посочи дека однесувањето на Бугарите можеше да го види цел свет, за што сведочат и видеозаписите, а граничната полиција и правосудните органи реагирале навремено и согласно Законот во делот на заштита на поредокот на државата.

-Тие граѓани согласно нашиот Закон, кои се странски државјани не се веќе во Македонија, ги имаат добиено своите пресуди поради своето недолично однесување и потоа согласно со тоа на дел од нив им е забранет влез на одреден временски период во државата. Дел имаат казни што треба да ги подмират и тоа е нормално за секој граѓанин без разлика од која држава доаѓа, а истите закони важат и за нашите граѓани доколу не ги почитуваат, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот