Ковачевски на 55. меѓународен Саем за вино во Верона на заеднички штанд со Србија и Албанија

Ковачевски, Рама и Вучиќ/Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствуваат на 55-тиот меѓународен Саем за вино во Верона, на заеднички штанд „Wine vision by Open Balkan” на Северна Македонија со Србија и Албанија

Како што информираат од владината прес-служба Ковачевски ќе оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премир Еди Рама, со фокус на иницијативата Отворен Балкан. По средбата предвидено е да се одржи и прес-конференција.

Ковачевски, Вучиќ и  Рама ќе присуствуваат на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan” на саемот „ВинИтали”.

Република Северна Македонија на овогодинешниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови од нашето најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери. Саемот претставува собир на домашните и меѓународните производители на вино од целиот свет кои сакаат да се претстават на една од најпрестижните светски саемски манифестации посветени на виното и негувањето на винската култура, велат од Владата.

Саемот нуду можност за увозниците и дистрибутерите на вино да ги запознаат и да остварат соработка со врвни италијански и меѓународни производители на вино, а за љубителите на виното е осмислена и четиридневна манифестација „Vinitaly and the City” во текот на која, на историски локации ширум Верона ќе може да се дегустира и зборува за виното.

Под називот „Vinitaly Universe”, организаторите оваа година овозможуваат стручни обуки и тренинзи, учество на натпревари и награди, но и пристап на дигиталната платформа “Vinitaly Plus”, која на учесниците на саемот им овозможува да останат во контакт и по завршувањето на манифестацијата, се вели во соопштението.

Минатата година саемот „ВинИтали” беше домаќин на над 4.500 излагачи од целиот свет, претставени се повеќе од 15.000 вински етикети од повеќе од 40 земји. Саемот го посетија преку 100.000 љубители на вино и претставници на деловната заедница, од кои над 25.000 купувачи, дистрибутери и увозници од 139 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот