Ковачевски, Маричиќ и Шекеринска ќе присуствуваат на панел „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики, денеска во Скопје, во Даут Пашин Амам, ќе се одржи настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“.

Настанот ќе започне со воведни излагања на претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија Петер Хурелбринк.

На панелот насловен „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија Андреас Шидер и претседателот на „ЕЛИАМЕП“, професор на Универзитетот во Атина, Лукас Цукалис. Модераторка на панелот ќе биде професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Рената Дескоска.

-Целта на настанот е да се фокусираат одредени прашања, поврзани со последните случувања и ставовите на лидерите и експертите во насока на проширувањето на ЕУ, како и заклучоците од работата на експертската група која во текот на 2023 година ги сумираше ставовите на прогресивните политички гласови, експерти, креатори на мислења и новинари, се наведува во соопштението од организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот