Ковачевски: Христовото раѓање симболизира нови почетоци, да бидеме сплотени кон подобра иднина

Пендаровски го врачи мандатот за нова Влада на Димитар Ковачевски од СДСМ / 29 декември 2021 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

По повод големиот христијански празник Божик, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани кои го слават, до православните христијани.

-Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божик. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир. Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање, наведува Ковачевски.

Да продолжиме да негуваме добри мисли, порачува лидерот на СДСМ, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество.

-Христос се роди! Навистина се роди!, стои во честитката на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот