Ковачевски го обвини Мицкоски за недолични видеа за ќерка му: Јас од таков нечовек не барам извинување

христијан мицкоски димитар ковачевски
Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски / Фото: ЕПА, Колаж: СП.

Премиерот Димитар Ковачевски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека по негова директна наредба во Собранието на седницата за реконструкција на Владата, опозициските пратеници ја навредувале неговата сопруга. Тој обелодени и дека минатото лето за неговата малолетна ќерка, повторно по наредба на Мицкоски биле правени недолични видеа на апликацијата Тик Ток, но дека за тоа од Мицкоски кој го нарече нечовек нема да бара извинување.

„Јас и моето семејство сме под директен напад, посебно мојата сопруга и тоа по директна наредба од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. До таква атмосфера дојде бидејќи немајќи никакви аргументи ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на Владата, оти нивниот претседател кажуваше дека има 61 пратеник за да ја турне Владата, а излезе дека има зголемено парламентарно мнозинство од 65 пратеника, што се потврди вчера, по наредба на Мицкоски дискусиите беа насочени против мојата сопруга иако тој знае за одредени здравствени предизвици коишто мојата сопруга ги имаше и ги има. Има и една работа којашто не сум ја кажал. Директно по негова наредба, за мојата малолетна ќерка во јули лани, кога се носеше Францускиот предлог, беа правени недолични видеа на апликацијата Тик ток. И јас за ова од таков нечовек не барам извинување“, рече Ковачевски.

Тој рече дека ѝ се извинил на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска, но не потврди дека ја навредил, туку дека пратеничката најверојатно погрешно го разбрала.

 

„Таму имаше дискусија која траеше 11 дена. Тоа што го кажав од место го кажав и од собраниската говорница. Веројатно кога зборувате од место со други колеги може да биде протолкувано погрешно или различно од тоа што сум го кажал. Сепак со оглед на тоа дека јас пратеничката исклучително ја почитувам, а таа сметаше дека сум кажал нешто што ја навредило, телефонски ѝ се јавив и ѝ се извинив доколку таа се нашла со било што навредена од тоа што го разбрала, од тоа што јас сум го кажал во разговор со други колешки во Собранието. Се јавив и на претседателката на Форумот на жени на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие имаа соопштение и кажав дека доколку нешто било разбрано што јас сум го кажал на начин којшто ги навредил пратеничката и нејзините колешки, исто така дека се извинувам и дека е тоа нормално да го направ“, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот