Ковачевски го честита католички Божиќ: Заедно да градиме поубав свет за сите

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ/Фото: СДСМ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.

– До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови. Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање, наведува Ковачевски.

Тој натаму потенцира дека тоа се вредностите кои заеднички градат поубав свет за сите.

– Драги сограѓани, драги верници, да продолжиме да негуваме добри мисли, да правиме добри дела, не само денеска туку секој ден во годината. Нека е честит и благословен големиот празник Христово раѓање – Божиќ, нека донесе спокој и радост во вашите домови и вашите срца, се наведува во честитката на претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот