Фото: Фејсбук

Костовски е сигурен дека ќе победи во првиот круг на изборите, ја чувствувал поддршката на бутелчани

Дарко Костовски, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник за општина Бутел од  ВМРО-ДПМНЕ, вели дека во неговиот четиригодишен мандат се реализирани некаде околу 70-тина проекти коишто не биле најавени пред изборите меѓу кои и изградбата на новиот затворен базен во Радишани.

Најавив две нови градинки – изградени се две нови градинки, најавив ново училиште во Визбегово – од темел до кров е изградено, најавив огромен парк во населбата Радишани, во моментов е во целосно завршна фаза, од 10.000м2 парк со плоштад. Завршивме еден проект којшто со децении наназад беше ветуван, а тоа е коритото на реката Серава во должина од 1500м во Радишани, а изградивме и трим патека, целосно ја уредивме со урбана опрема и создадовме нови 5000м2 зеленило, изјави Костовски вечерва во гостувањето во Тема на денот на телевизија Сител.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат изградиле и плоштад во Бутел 1, но дека реализирале и многу ненејавени проекти.

Костовски рече дека во следниот мандатен период од четири години ќе изгради  плоштад и културен дом, три нови детски градинки, две училишта, како и два нови паркови во Радишани и на „Христијан Тодоровски Карпош“.

Со плоштадот оди и културен дом, место коешто му фали на општина Бутел, кое што ќе биде собирно место на територија на општина Бутел. Ќе изградиме три нови детски градинки, една во Радишани, една во Визбегово и една во Бутел 1. Сигурен сум дека ќе изградиме две нови училишта едно во Љубанци, едно во Љуботен, истакна Костовски.

Тој  е сигурен во победата уште во првиот круг, бидејќи, вели, ја чувствува поддршката од граѓаните и чувствува дека сето она што е изградено го поздравуваат. Ќе продолжи да работи посветено како и досега во насока на реализација на ветените проекти, порача Костовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот