Костадиновска-Стојчевска: Културните работници со последното покачување имаат за 52% повисоки плати

Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

„Ниту една правна или сметководствена служба до денес не се јави од која било установа да каже дека има проблем со пресметката на плата. Затоа што секоја служба за материјално и финасиско работење, како и правна служба добива од Министерство за финансии податоци и табели каде што јасно е наведено како пресметува платата. Затоа апсолутно не наидоа на никакви потешкотии, ниту еден колективен договор не е променет. Променета е само минималната плата. Би сакала да не се шират дезинформации, некакви теории на заговор, дека Министерството за култура сака нешто да скрие. Напротив, секогаш сме работеле одговорно и транспарентно, во служба пред се на културните работници“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција.

Таа додаде дека послениот пат кога се доби 10 проценти покачување било во септември 2023 година, а во текот на цела 2023 година вкупно имало 21 проценти покачување на нивните плати. Во член 14 став 1 од општиот Колективен договор.

„Фер е да кажеме дека во изминатите 4 години од 2020 година, до септември 2023 година кога беше последното покачување, покачувањето на платата на културните работници, почитувајќи го Колективниот договор склучен во 2019 година на 30 декември, и општиот колективен договор, изнесува 40 посто. Со ова последно покачување во март, покачувањето е 52 посто на нивните плати“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Таа заклучи дека во секој момент секој може да провери дека платите се изработуваат, дека имаат право правните и сметководствените служби во секоја установа да се консултираат едни со други, и со Министерството за финансии како да ги изработат платите и тоа не е нов процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот