Косовската компанија „Вива фреш“ го купува ланецот маркети „Кит-го“ во мултимилионска зделка

Еден од маркетите „Кит-го“ / фото: Официјална ФБ-страница

Косовската компанија „Viva fresh store“ („Вива Фреш стор“) го купува штипскиот ланец маркети „Кит-го“, објави Фактор.

Според информации на порталот, кој ги потврдува и првиот човек на „Вива фреш стор“ во Македонија Беким Бекири, договорот е веќе направен. Косовската фирма за сите маркети на „Кит-го ќе искешира над 50 милиони евра, пишува Фактор. Иако трансакцијата е повеќе од извесна, комплетното преземање ќе се реализира од јануари следната година.

„Viva Fresh Store“ е водечки ланец на маркети во Косово. Има 64 објекти во 21 град и работи со повеќе од 60.000 различни производи. Според податоците од Косово, „Вива фреш сторе“ има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Во август 2019 година, „Вива фреш“ ја почна својата експанзија во Македонија, со отворање на маркет во Скопје, а истата година купи и локална фабрика за месо, од каде ги снабдува со свежо месо сите 64 продавници во Косово.

„Кит-го“, пак, е штипска компанија, која постоиои 23 години. Низ тие години се изгради во препознатлив бренд во малопродажбата. На продажба, според нашите неофицијални информации се неколку десетици деловни единици на брендот, а Тера маркет и Супер Кит -го остануваат кај штипскиот сопственик. Компанијата работи во 11 градови во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот