Косово потроши речиси 18 милиони евра за изборите, нема пари за евентуални предвремени парламентарни избори
Косово потроши речиси 18 милиони евра за организација на парламентарните избори на почетокот на годината и локалните избори на 12 октомври и 9 ноември. Доколку годинава биде наметнат уште еден изборен круг, Државната изборна комисија (ДИК) ќе се соочи со нов предизвик, бидејќи, според нејзините претставници, нема на располагање финансиски средства, објави „Коха“.
Препорачано
Доколку и вториот мандатар Глаук Коњуфца не успее да формира влада до 19 ноември, предвремените избори ќе треба да се одржат најдоцна во втората половина на декември.
„ДИК нема предвидено буџетски средства за можен нов изборен процес оваа година, па доколку има избори, ќе подготви буџетски план кој, како и во минатото, ќе биде доставен до Владата на Косово на одобрување“, изјави портпаролот Валмир Елез.
Опозицијата победи во Приштина и во Призрен – Курти загуби дел од своите упоришта
Комисијата не прецизирала колку би чинело одржувањето на нов пар избори.
„ДИК нема планирано конкретен износ бидејќи тоа ќе се направи само ако има официјална одлука за датумот на изборите,“ додаде Елез.
Весникот KOHA побарал информации од актуелната Влада дали во буџетот има средства за можно одржување предвремени избори и дали постои правен и финансиски простор за прераспределба на неопходните средства, но до понеделникот не добил одговор.
За општите избори од 9 февруари биле планирани 8,7 милиони евра, а според извештаите на ДИК, вкупно биле потрошени околу 7,9 милиони евра.
За локалните избори, одржани во првиот круг во 38 општини и во вториот во 18 од нив, бил предвиден буџет од 10,5 милиони евра. Колку точно е потрошено, ќе се знае по завршувањето на целиот процес. Според ДИК, врз основа на искуствата од претходните избори, финалните трошоци обично се пониски од планираните.
Курти ненајавено влегол во кафуле во Митровица и настанал хаос


