Аљбин Курти / Фото: EPA-EFE / ARBEN LLAPASHTICA

Косово конечно доби влада, Аљбин Курти почнува уште еден премиерски мандат

По цела година политичка неизвесност и десетици неуспешни обиди да се конституира новиот состав на Парламентот на Косово, вечерва тоа конечно се случи, а пратениците само неколку часа подоцна ја избраа новата влада, која повторно ќе ја предводи лидерот на „Самоопределување“, Аљбин Курти.

66 пратеници гласаа „за“ изборот на новата влада со 19 министри и тројца вицепремиери, а 49 гласаа „против“, пренесе „Еурактив“.

По последните редовни парламентарни избори во февруари лани, Косово имаше привремена влада и целосно нефункционален парламент, откако партијта на Курти не успеа да обезбеди мнозинство. Следеа долги натегања, од кои произлегоа новите избори во декември, на кои „Самоопределување“ освои 57 пратенички места во законодавниот дом со 120 пратеници.

Курти во обраќањето пред пратениците порача дека во следните четири години владата „ќе ги зајакне сојузите со Западот“, ќе инвестира една милијарда евра во одбраната, ќе го продолжи дијалогот со посредство на Европската Унија со Србија и ќе продолжи со инвестиции во социјална помош, образованието и инфраструктурата.

Прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора е Глаук Коњуфца, втор вицепремиер и министер за правда – Доника Гервала, а трет вицепремиер за прашања на малцинствата и соработката ќе биде Фикрим Дамка.

Изборен скандал во Косово: 34 претседатели на избирачки одбори осомничени за фалсификување на гласови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот