Знамиња на Косово и САД / Фото: скриншот

Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

Владата на Косово на денешната седница ја разгледа и ја усвои предлог-одлуката со која Исламската револуционерна гарда на Иран се прогласува за „терористичка организација“, јавува Анадолу.

Претставувајќи ја пред Владата предлог-одлуката, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека предлог-законот обезбедува правна и стратегиска основа за нејзино прогласување за „терористичка организација“ во Република Косово.

„Исламската револуционерна гарда на Иран е дефинирана како ентитет што користи тероризам и организирано насилство како средство на надворешната политика и придонесува за регионалната и глобалната нестабилност. Со оваа одлука Косово ја зајакнува својата позиција во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“, изјави Курти.

Тој нагласи дека со оваа одлука неговата земја јасно ја покажува својата посветеност да застане покрај своите стратегиски сојузници во заедничката борба против тероризмот. Предлогот беше усвоен едногласно од членовите на Владата.

Иран сè уште не ја признава државата Косово, чија независност беше прогласена во 2008 година.

Инаку, косовската влада на повеќе пати јавно се произнесе за поддршка кон Америка, а пред неколку недели одобри и испраќање војска во Газа.  Според министерот за одбрана, Ејуп Македонци, испраќањето војска беше покренато врз основа на „стратешката соработка со сојузниците, поканата од Централната команда на САД од 10 декември 2025 година, Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ОН, како и со политичката поддршка изразена во рамки на Мировниот одбор“.

Косовската влада одобри испраќање војска во Газа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот