Косово го тргна знакот НМК од патните знаци

Косово го исполни ветувањето и го тргна знакот НМК од патните знаци

Косово го тргна погрешниот меѓународен код „НМК“ од патните знаци, заменувајќи го со точниот – МК, со што го исполни ветувањето за коригирање на грешката. Фотографиите од изменетите табли до „360 степени“ ги испрати Ќамил Фека, директор на одделот за патишта при Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово.

Ова следи откако минатата недела „360 степени“ извести дека на стариот пат Приштина–Скопје се користела погрешната ознака „НМК“. Од косовската страна тогаш уверија дека станува збор за ненамерен пропуст и дека истиот ќе биде најитно коригиран.

Косово го постави кодот МК на патните знаци

Се работи за втор случај со погрешни ознаки во соседството, откако Србија веќе подолго од две години на патни знаци користи „НМК“ наместо МК. Од македонското МНР истакнаа дека веруваат оти и српските власти ќе постапат по нивните барања и ќе ја коригираат сигнализацијата.

Преспанскиот договор од 2018 година, меѓу другото, го регулираше користењето на меѓународните ознаки и кодови за Македонија. Во членот 1, став 3-д, земјава направи отстапка за ознаката на регистарските таблички на возилата да се користи НМК, а Грција се согласи со дотогашниот код за Македонија во сите други случаи – МК и НМК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот