Косово една година по појавата на ковид-19 во земјава – 1696 починати и над 10.000 активни случаи
Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови осум смртни случаи и 578 новозаболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на пандемијата достигна до 1.696 од вкупно 76.688 лица кај кои е откриен коронавирусот од појавата на првите два случаи, на денешен ден пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Препорачано
Во денешниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се вели дека поледните 24 часа се евидентирани и 470 излекувани пациенти, додека вкупната бројка на оние кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19 и кои ја совладале болеста изнесува 64.362.
Последните 24 часа се извршени 3.142, а вкупно досега повеќе од 350 илјади тестирања со методот РТ-ПЦР.
Активни носители на вирусот во моментов во Косово, вклучително денешните податоци, се 10.630 лица.
ИКШПК и косовските здравствени власти потенцираат дека последниве пар недели бројот на новозаразени е највисок во оваа година, што, како што наведуваат, е последица на непочитувањето на мерките за спречување на ширењето на пандемијата од страна на политичките партии за време на кампањата за вонредните парламентари избори што се одржаа на 14 февруари.


