Коснет со честитки за изборите: САД остануваат со Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет, им честита на косовските граѓани за учеството на вчерашните вонредни парламентрни избори и порача дека со нетрпение очекува да работи со новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет преку неговата официјална страница на Твитер порача дека неговата земја и по овие избори ќе продолжи со поддршката на Косово.

– Честитки за граѓаните на Косово, кои покажаа посветеност на демократијата и визија за иднината. САД остануваат со Косово – и со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада, веднаш откако таа ќе се формира, за остварување на нашите заеднички цели за мир, правда и просперитет, напиша Коснет.

Апсолутен победник на вчерашните избори е досега опозициското Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти, со 47,88 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално на последните изборни процеси гласа за ВВ, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот