Амбасадорот на Соединетите американски држави во Косово, Филип Коснет, во Приштина го прими специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Тие разговараа за „заедничките интереси“ во врска со тековниот дијалог межу овие две земји.
„Вашингтонските договори го надополнуваат овој процес предводен од ЕУ. Продолжуваме да работиме заедно за да ги постигнеме заедничките цели: нормализација и взаемно признавање меѓу Косово и Србија“, напиша Коснет на Твитер.
Денес и вчера Лајчак престојуваше во Косово, каде се состана со лидерите на институциите.
По состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи, Лајчак на Твитер напиша:
„Се согласивме дека на дијалогот му треба сеопфатен договор“.
На 4 септевмри во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, Косово и Србија потпишаа договор за нормализирање на економските односи