Фото: kk_sutjeska_foca

Кошаркарски клуб од БиХ обезбедил сместување за свој кошаркар во затвор

Ситуација каква што ни пристигнува од Босна и кошаркарскиот клуб Сутјетска досега не се памети.

Имено, овој клуб еден од своите кошаркари го сместил во Казнено поправниот дом Фоча. Како што соопштија од клубот директорот на затворот им понудил прифатливи цени со што и ќе заштеделе, па сметале дека ваквото сместување е добра опција.

„Благодарност до Управата на поправниот дом Фоча кој во законски рамки излезе во пресрет на КК Сутјетска обезбедувајќи минимални цени. Во време на високи кирии, оваа поддршка ќе ја олесни работата на клубот“, објавија од Сутјетска.

Кошаркарот престојувал во ресторанскиот дел од затворот, а клубот не го објави неговото име во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Sutjeska Foča (@kk_sutjeska_foca)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот