Кошаркарската федерација и Општина Кавадарци во акција да опстане КК Еуро Никел

фото: kfsm.mk

Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, Спортскиот Директор Марјан Србиноски и тим-менаџерот на машката сениорска репрезентација Ѓорѓи Чековски, денеска одржаа работен состанок во Општина Кавадарци, заедно со Градоначалникот на општината, господин Митко Јанчев, како и со Генералниот Менаџер на МКК Еуро Никел 2005, Ванчо Филковски.

Потреба за итен работен состанок се појави по известувањето на клубот од јужниот дел на државата за повлекување од сите натпреварувања кои ги организира Кошаркарската Федерација.

Веќе тече анализа на сите инволвирани страни за обезбедување на континутитет на клубот кој во своите клупски витрини има три шампионски трофеи од Македонија.

Во деновите што претстојат се очекува позитивен исход од денешниот работен состанок.

Кошаркарската Федерација сака да изрази голема благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, за ангажираноста и посветеноста да се задржи клубот со огромна традиција на кошаркарската мапа на Македонија. Денес градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок со претседателот Перо Антиќ и членови на Кошаркарската федерација на Македонија, како и претставници од раководството на ЕуроНикел Индустрис. Тема на состанокот беше опстојувањето и понатамошното финансирање на кошаркарскиот клуб. Затоа што К.К Еуро Никел е дел од Кавадарци и кавадарчани, и ќе се направи сè што треба така да остане и во иднина! – стои во објавата на Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот