Кошаркарките на Баскет Кам ќе играат во Балканската лига

фото: kfsm.mk

Македонскиот женски кошаркарски шампион Баскет Кам ќе биде дел од првиот турнир во Требиње, каде друштво ќе му прават и екипите на Леотар, Херцег Нови и Раднички од Белград.

Баскет Кам денеска замина за Требиње, каде овој викенд ќе ги игра првите натпревари од новоформираната Балканска лига. Натпреварување во кое во премиерната сезона 2023/2024 е предвидено да се игра според турнирски систем. А домаќин на првиот, од неколкуте предвидени турнири е Леотар од Требиње.

Согласно со однапред формираните натпреварувачки двојки, во полуфиналните мечеви, нашиот првак за ривал го има Херцег Нови на 30 септември (сабота), со почеток од 18.00 часот. Два часа подоцна, силите ќе ги одмерат екипите на Леотар и на Раднички од Белград.

Поразените екипи, во недела (од 10.00 часот), ќе играат за третото место, додека пак победниците во двата полуфинални дуели ќе се борат за првото место, во натпреварот кој е закажан за 12.00 часот.

Согласно со системот за натпреварување во „ББВЛ“ лигата, ова е првиот од четирите планирани турнири кои ќе се играат уште и во Херцег Нови, Македонска Каменица и Белград, каде ќе биде и завршницата на оваа лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот