Кортни Лав: 28 долги години без Кобејн – Се уште го гледам како стои на таа обала (ФОТО)
Слободен печат
Пред
Пејачката Кортни Лав на својот Инстаграм профил ја објави фотографијата од венчавката од пред 28 години.
Курт Кобејн и неговата сопруга Кортни Лав на почетокот на деведесетите беа најконтроверзниот рокенрол пар кој привлекуваше внимание се до неговото убиство во 1994 година.
Денес Кортни објави фотографија од венчавката на Хаваи и се присети на децениите кои пројдоа. Бендот на Кобејн, Нирвана, во тој момент беше на врвот од успехот, додека Лав само што ја започна својата музичка кариера со бендот Хоул.
Лав на својата објава напиша „Пред 28 години. Се сеќавам на чувството на вртоглавица, колку бев заљубена, како знаев колку сум среќна“.
„Се уште можам да го видам како стои на таа обала“, допиша Лав во својата објава и додаде дека тој ден запалила свеќа, отишла на суши со блиска пријателка и го прошетала кучето.
Врската ја започнаа во деведесетите години во Сиетл, а од самиот почеток Кобејн и Лав беа во центарот на скандалите. Од злоупотреба на наркотици, преку алкохол, до насилство, а подоцна се појави и теоријата дека Лав го убила Кобејн. Овој пар и денес се смета за еден од најинтересните и најмистични парови во поп културата.
Иако планираа да се отрезнат пред раѓањето на нивната ќерка Френсис Бин, тоа не се случи. Исто така, медиумите пишуваа дека Кортни користела хероин иако знаела дека е бремена.
Пејачката во својата објава на Инстаграм додаде дека нејзиниот живот веќе 28 години е хаотичен, со подеми и падови и дека јавноста сето тоа можела да го следи, напоменувајќи дека тоа е најмрачното нешто кое можете да си го замислите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најверојатно ќе треба да почека до ноќта на 8 мај, по пребројување на гласовите од претседателските и од парламентарните избори, за конкретни одговори од ЗНАМ и од „Вреди“ дали ќе бидат дел од новиот владин кабинет ако опозициската партија победи на изборите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber …
Периодов во Англија во тек е судски процес за невидениот скандал со британската пошта. Пред 20 години, раководители на поштите во Англија биле обвинети и осудени за кражба на пари од поштите. Од тогаш, животот на овие луѓе драстично им се менува, вклучувајќи ги и нивните семејства. Дел од овие судбини завршиле и трагично со …