Коронавирусот ја зголеми продажбата во италијанските маркети за 73 отсто

Фото: EPA-EFE/CLAUDIA TOMATIS

Италијанските власти во неделата ги изолираа најтешко погодените области во Ломбардија и Венето во северниот дел на земјата и ги откажаа спортските настани, а ги затворија и училиштата и универзитетите.

Продажбата во големите трговски синџири во северна Италија во неделата се зголеми за 73 проценти во споредба со истиот датум минатата година, бидејќи граѓаните почнаа да купуваат резерви на основни намирници, по информациите за е ширењето на новиот коронавирус во земјата, соопшти денеска институтот Нилсен.

Италијанските власти во неделата ги изолираа најтешко погодените области во Ломбардија и Венето во северниот дел на земјата и ги откажаа спортските настани, а ги затворија и училиштата и универзитетите.

Во Ломбардија, продажбата во големите трговски синџири во неделата се зголеми за 87 проценти, соопшти институтот Нилсен.

Покрај храната од рафтовите, вклучително и ориз, тестенини и сосови за тестенини, најбарани биле производите за лична нега и парафармацевтските производи.

– Според нашите податоци, може да се заклучи дека постои загриженост поради можен карантин, рече директорот на Нилсен, Ромоло де Камилис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот