Коронавирусот ги пресуши каналите на наркодилерите

Фото: Фејсбук

Заради ширењето на коронавирусот, смален е маневарскиот простор на шверцерите на дрога, а поради тоа што има премногу бариери до најсилните светски пазари влијаело на тоа, барем на балканските рути, да се забележи драстичен пад на бројот на кривични дела поврзани со продажба или шверц на опојни дроги.

Според пишувањата на „Побједе“, Црна Гора ги затворила границите и ги зајакнала контролите, така што шверцерите кои би пробале да криумчарат дрога, не би можеле да пројдат неприметено, а наркодилерите не се во можност да шверцаат дрога која во Европа доаѓа од Блискиот исток.

Како што утврдиле безбедносните служби вообичаените канали на дистрибуција на хероин главно одат преку Турција, а за кокаин преку Јужна Америка.

Кога станува збор за улична продажба на дрога, таа е сведена на минимум, заради забраните за движење, но од Управата на полиција уште немаат официјални податоци за март.

Во првите два месеци на 2020 година во Црна Гора се запленети 42,6 килограми дрога, како и 3.283 различни таблети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот